Skip to content
Loading...

1 Унца сребро | Argor Heraeus

Колекционерите и инвеститорите ширум светот исклучително ја ценат убавината и чистотата на сребрената плочка од 1 унца на престижната ковачница Argor -Heraeus . Тоа ја чини привлечна за нови но и за оние искусни трговци и инвеститори на благородни метали. Секоја плочка доаѓа до единствен сериски број и има потврда за својата автентичност . Поради својата разумна цена оваа плочка е одличен избор за секој кој сака постепено да го изгради своето портфолио на благородни метали и обезбеди сигурна иднина преку инвестициското сребро.

Cena na Upit

Цена на големо: На барање

SKU: GM-084 Kategorija:

Контактирајте не преку прашалник или на телефонскиот број 076499975

Опис

Светски познатата швајцарска компанија Argor- Heraeus е една од најстарите ковачници на благородни метали во светот. Токму затоа инвеститорите од нашите краеви се одлучуваат за производи од оваа прочуена ковачница. Argor-Heraeus во Мендризио (Швајцарија) обработува и прочистува злато, сребро, платина и паладиум од руднитеците, отпад или други извори кои можат да се рециклираат. Златото го прочистува до 99,99% и 99,999% чистота, среброто до 99,9% а платината и паладиумот 99,95%. Нивната база на купувачи проширена во повеќе од 50 земји вклучува рударски претпријатија,трговски куќи, банки, ковачници, трговци со накит и часовници,како и индустриски потрошувачи. Со оглед на тоа дека е дел од групација основана 1851 година, оваа ковачница ужива посебен статус помеѓу инвеститорите на благородни метали.

Argor-Heraeus поседува LBMA сертификат како гаранција за чистотата на сребрените плочки од 999,9/1000.

Исто како и златото, среброто кое се лие и кова во Argor-Heraeus може да потекнува од примарно производство, т.е. рударство или пак од секундарни извори т.е. отпад и рециклиран материјал .

Работното искуство од преку 160 години , овозможува производите од оваа ковачница да се ценети и препознаени ширум светот.

Назив Argur-Heraeus сребрена плочка од 1 унца
Вкупна тежина 31.1035гр
Чистота 999/1000
Тежина на благороден метал 31.07гр
Земја на потекло Швајцарија
Производител Argor-Heraeus

Испратете барање за 1 Унца сребро | Argor Heraeus

Златен клуб

Заштитете го вашето минато, сегашност и иднина и станете наш златен член